Женскиот ракометен шампион екипата на Вардар четврта година по ред ќе се натпреварува во лигата на шампионите. Во претходниве три сезони игравме на завршниот турнир на најголемото ракометно натпреварување и го освојувавме бронзениот медал. Ова ќе биде нова шанса и четврта среќа за црвено-црните да стигнат до големото финале и до освојување на европската круна. ЕХФ веќе ги одреди шеширите, каде ќе бидат сместени екипите при извлекување на главната ждрепка. Вардарки очекувано се најдоа во првиот шешир и во групната фаза нема да можат да се паднат со екипите на Ѓер, Будуќност и Ларвик.
Шешир 1: Будуќност, Ѓер, Вардар, Ларвик
Шешир 2: ЦСМ Букурешт, Есбјерг, Астраханочка, Турнингер
Шешир 3: Савехоф, Мец, ФТЦ Будимпешта, Митјиланд
Шешир 4: Ростов Дон, победниците од квалификационите групи 1,2 и 3