Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе одигра пријателска со Академија Пандев
Вардар ќе одигра пријателска со Академија Пандев

Вардар ќе одигра пријателска со Академија Пандев

Паузата поради репрезентативните обврски екипата на ФК Вардар ќе ја искористи на најубав можен начин, и ќе одигра пријателска средба со второлигашот, тимот на  фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица. Овој натпревар ќе биде увертира и одржување на постојаната натпреварувачка форма. Како што знаеме, на Вардар по паузата му следуваат две исклучитечно тешки гостувања на Чаир и во Тетово.

Овој натпревар ќе биде одигран в сабота со почеток во 14 часот и 30 минути на стадионот “Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. На оваа средба се разбира дека нема да настапат играчите кои имаат обврски кон своите репрезентации. Вкупно осум играчи од нашиот табор имаат репрезентативни обврски.