Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Василиј Мариновски: “Јуниор лигата“ е голем проект на ФК Вардар, во кој секое дете може да го покаже својот талент кој го поседува во себе и да биде забележан од најдобрите тренери во Македонија
Василиј Мариновски: “Јуниор лигата“ е голем проект на ФК Вардар, во кој секое дете може да го покаже својот талент кој го поседува во себе и да биде забележан од најдобрите тренери во Македонија

Василиј Мариновски: “Јуниор лигата“ е голем проект на ФК Вардар, во кој секое дете може да го покаже својот талент кој го поседува во себе и да биде забележан од најдобрите тренери во Македонија

Веќе стартуваше и втората сезона на фудбалската “Јуниор лига“ , која од оваа година ќе биде збогатена за уште две нови школи. Се одиграа две кола, по едно во градот Виница и Охрид. И оваа сезона нашиот најтрофеен клуб ќе “собира“ таленти од цела Македонија, за да настапуваат во младинските екипи на Вардар. Василиј Мариноски е еден од играчите, кои преку “Јуниор“ лигата дојде во редовите на Вардар. Се работи за голман кој настапува за генерацијата родени “2005“ година под водство на тренерот Игор Кралевски. Во следниот текст ќе ве запознаеме токму со ова младо момче, кое има амбиции да прерасне во врвен голман.

-Со фудбал започнав на шестгодишна возраст и за пример ми служеа голманите во големите светски клубови, кои ме потикнаа да ја одберам голманската позиција. Моите први почетоци се во фудбалската школа “Тони“ од Прилеп, под водство на тренерите Тони Наумовски, Божидар Милошевски и Владо Божиноски. Фудбалската игра ја гледам како дел од мојот секојдневен живот и с нетрпени чекам да дојде часот за тренинг или натпревар. Мојата визија е еден ден да застанам на голот на првиот тим на ФК Вардар, а подоцна може и во некој поголем клуб во Европа. Секако желба на секој млад играч е да настапува и за својата репрезентација.  Во младинските категории на Вардар бев повикан од тренерот на голманите, Слободан Мутибариќ и со задоволство ја прифатив понудата.

Сите деца кои сакааат да се занимаваат со фудбал и еден ден да заиграат за ФК Вардар, можат само преку “Јуниор“ лигата да бидат забележани од тренерите во нашиот клуб и да добијат повик за настап.

-“Јуниор лигата“ е многу добар и пред се голем проект на фудбалскиот клуб Вардар, во кој секое дете може да го покаже својот талент кој го поседува во себе и да биде забележан од најдобрите тренери во Македонија. Токму јас ја имав среќата преку ова натпреварување да стигнам до младинските екипи на Вардар. Тука секако е дружбата и запознавањето со многу деца од различни градови и фудбалски школи, што е исто така многу битно за нас најмладите. Преку “Јуниор“ лигата се разменуваат искуства и може многу да се напредува.

Сон на секое дете е да игра во црвено-црниот дрес. Оваа генерација одлично започна во детската лига каде по две одиграни кола има максимален број на освоени бодови.

-Вардар е Македонски бренд и наш најтрофеен фудбалски клуб и секако дека ми е чест и задоволство да го носам црено-црниот дрес. Јас сум член на Вардаровата генерација родени “2005“ година. Заедно со моите соиграчи се надеваме дека на крајот ќе го освоиме првото место во детската лига, изјави Василиј Мариновски.

Звонко Ивановски