Викендов на програмата е второто коло во Првата ракометна машка лига, второ натпреварување по квалитет во земјава. Треттиот сениорски колектив најмладиот тим на црвено-црните екипата на РК Вардар-2 е домаќин на екипата на РК Партизан која доаѓа од Гевгелија.
Дуелот ќе се одигра во сабота на осми октомври, во спортско рекреативниот центар “Кале“, истиот е закажан со почеток во 15-00 часот. Младите момци, избраниците на Зоран Петковски-Зенга ќе атакуваат на втората победа во Првата лига во второто коло за нив на првиот домашен дуел сезонава. Тие во првото коло гостуваа во Струга кај истоимениот машки ракометен тим и остварија гостинска победа со резултат 23:27. Кај нас на тој натпревар најефикасни беа Стефан Крстевски и Марко Мишевски со по 4 гола. Нашиот противник на домашен терен во Гевгелија тргна со пораз од РК Македонија Ѓорче Петров.