Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Филип Трајчевски: Убедливата победа беше реална, со оглед на нашата добра игра

Филип Трајчевски: Убедливата победа беше реална, со оглед на нашата добра игра

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар со значајна предност ќе патуваат на реваншот во Тетово, откако на првиот меч од осминафиналето на купот беа подобри од екипата на Ренова. Противникот одолеваше на нашите напади цели 45 минути, кога на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0. Во вториот дел целосната офанзива кон противничкиот гол резултираше со погодоци во мрежата на Ренова. На два пати Димитровски, по еднаш Најдоски и Додевски беа стрелци на погодоците за Вардар, за конечен резултат од 4:0. Стандардниот чувар на мрежата, Филип Трајчевски и на овој меч беше на голот на црвено-црните. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од високата победа, со надеж дека добрите игри ќе продолжат и во наредниот период.

23

-Еден тврд натпревар на тврд терен. Имавме многу шанси уште во првото полувреме да го решиме натпреварот, но среќата  не не посака. Затоа во вториот дел започнавме со рано постигнат гол и после добрата игра очекувано беше да завршиме со убедлива победа и резултат од 4:0. Како што поминуваат натпреварите ние сме се подобри и затоа досега имаме максимален број на освоени бодови. Се надевам дека во исто темпо ќе продолжиме и до крајот на сезоната. Секоја екипа против Вардар сака да го даде најдоброто од себе и влегуваат во натпреварите со најголем мотив, но ние сме максимално сконцентрирани на нашата игра и повеќе ја посакуваме победата, изјави Филип Трајчевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски