Претстојниов викенд нема да има натпревари во ПМФЛ и ВМФЛ, поради репрезентативни настапи.
Вардар во сабота (24.09) ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П, со цел да се одржи континуитет, но и да се подигнува формата и да се испробуваат тактички замисли пред продолжување на натпреварите во ВМФЛ.
Натпреварот во сабота ќе се одигра на стадинот во Ѓорче, со почеток од 15:00 часот.