Пионерските екипи на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П. На овие гостински натпревари дојдовме до половичен успех.
Пионерите забележаа победа со резултат 0:3. Доминиравме на овој натпревар во сите погледи на фудбалската игра. Освен постигнатите голови имавме уште неколку зицер шанси како и голем посед на топка. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1, иако немаше да биде незаслужено ако разликата беше поголема. Стрелец на голот во првиот дел беше Алтин Алији кој погоди после додавање од Фидановски. Како најголеми шанси ќе ги одбележиме двете на Максим Бундалески, како и пречката на Давор Серафимов после центар шут од корнер.
Во второто полувреме избраниците на Саше Божиноски постигнаа уште два гола. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Ѓорѓи Дошев за водство од 0:2 на асистенција од Цветков, додека конечните 0:3 беа дело на Агрон Туша, кој погоди на додавање од Јаневски.
Вардар: Филевски, Митревски, Серафимов, Трајчевски, Цветков, Спасиќ, Дошев, Бундалески, Фидановски, Јакимовски и Алији.
Неочекувано висок пораз доживеаа нашите помлади пионери. Екипата на Македонија Ѓ.П славеше на овој натпревар со резултат 4:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Стефан Коловски.
Вардар: Данстак, Николов, Лефковски, Порчу, Танчев, Величковски, Ајетовиќ, Гаштаров, Сековски, Николовски и Коловски,