ЖРК Вардар одигра „контролка“ со тимот на Чаир пред закажаниот почеток на сезоната во женската лига. Истата се игра во две групи, Вардар е во групата-Б. На мечот со чаирчанки ние бевме поуспешни и победивме со 30-26.
Девојките на Драгана Ристова имаа повеќе од играта во првиот дел, тие беа подобри од противникот и постојано беа на неколку чекори пред нив. Добрата игра во одбраната и нападот донесе одлична предост од пет гола за време на паузата, ние на одмор заминавме со резултат 19-14 во наша корист. Во вториот дел продолживме со исто темпо, ја одржувавме предноста пред ривалот од скопската населба Чаир. Победата дојде со резултат 30-26 на оваа контролка.
Кај нас по 8 гола имаа Ивона Трпевска и Михаела Стојановска, Бојана Коцева постигна 4 гола, Сара Миновска стрелаше 3 пати, по два гола имаа Марија Галевска и Бојана Диневска, три девојки по еднаш стрелаа: Ивана Џатевска, Ангела Костовиќ и Катерина Дамјаноска.
Илиќ имаше на голот 7 одбрани, свое деби впиша за првиот тим Вероника Ѓорѓиевска со две интервенции.