Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов и Попзлатанов ќе ги нема кај Вардарци, домаќинот без Ибраими, Мици и Хусмани
Попов и Попзлатанов ќе ги нема кај Вардарци, домаќинот без Ибраими, Мици и Хусмани

Попов и Попзлатанов ќе ги нема кај Вардарци, домаќинот без Ибраими, Мици и Хусмани

Пред мега дербито Шкендија – Вардар и двајцата тренери се соочуваат со низа на повредени играчи. Кај нашиот тим сигурно е дека на овој натпревар нема да можат да настапат Горан Попов и Јован Попзлатанов, додека пак Евгениј Новак е под знак прашалник но би требало дефанзивецот да „стисне заби” и да започне од првата минута. Најдовски се опорави од повредата и е подготвен за настап.

Кај Шкендија ќе недостасуваат тројца играчи. Бесарт Ибраими нема да може да настапи на неделниот дуел, исто како и новото засилување на тимот Зени Хусмани. Поради пет жолти картони на овој дуел ќе го нема ниту стандардниот лев бек Гледи Мици.

Дуелот во недела започнува со почеток во 14.00 часот.