Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски ги пропушта Победа и А.Пандев
Брдаровски ги пропушта Победа и А.Пандев

Брдаровски ги пропушта Победа и А.Пандев

Вардар го доби натпреварот со Силекс но загуби двајца играчи. Поради проблеми со задната ложа, еден од најдобрите наши играчи, Владица Брдаровски мораше уште во првиот дел да го напушти теренот.

По направените анализи констатирано е дека нашиот бек ќе ги пропушти натпреварите со Победа во Охрид денеска и со Академија Пандев во недела на домашен терен, а под голем знак прашалник е и дали ќе може да настапи на дерби дуелот со Шкендија идната недела.

И Филип Најдовски се здоби со повреда на натпреварот со Силекс, па и он денеска нема да може да им помогне на своите колеги. Со Најдовски ситуацијата е подобра, па можно е да се врати за неделниот натпревар на својот тим.