Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Продадени над 9. 000 билети за натпреварот со Апоел
Продадени над 9. 000 билети за натпреварот со Апоел

Продадени над 9. 000 билети за натпреварот со Апоел

Остануваат уште четири дена до големиот спектакл што ќе се одигра на арената “Филип Втори“. Од ден на ден се повеќе се зголемува интересот да се набави карта за реванш дуелот од второто квалификациско коло, помеѓу екипите на Вардар и Апоел. Според информации од клубот досега се продадени околу 9-10.000 карти за овој натпревар. Се очекува во наредните денови оваа бројка драстично да се зголеми.

По одиграниот прв натпревар во Кипар и нерешениот резултат, шансите на црвено-црните да се пласираат во следната рунда се многу поголеми, отколку на почетокот. Од тука и зголемената желба на сите Вардарови навивачи и обични љубители на фудбалот, на време да се дојде до карта за да може во живо да се проследи мечот. Да напоменеме дека цената на картите е 100 денари. Од клубот очекуваат голема поддршка од публиката и Комити, за полесно да се стигне до посакуваната цел.