Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Митјиланд или Линколн, се потенцијалните противници ако Вардар го мине Апоел
Митјиланд или Линколн, се потенцијалните противници ако Вардар го мине Апоел

Митјиланд или Линколн, се потенцијалните противници ако Вардар го мине Апоел

Екипите на Митјиланд од Данска или Линколн од Гибралтар се потенцијалните противници за црвено-црните во трeтото квалификациско коло. Денес во Нион беше извлечена ждрепката за третото квалификациско коло во лигата на шампионите. Ова секако важи ако нашиот шампион биде поуспешен на реваншот на арената “Филип Втори’ од екипата на Апоел. Ние имаме одличен резултат по првиот натпревар, каде останавме непоразени.

Првиот меч помеѓу Митјаланд и Линколн, одигран во Данска заврши со минимална победа на домаќините со 1:0. Овој противник беше еден од желбите на нашите фудбалери за можната трета рунда. Сега се очекува вторник да дадеме се од себе да забележиме триумф и мислите да ги насочиме кон идниот противник.