Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младиот напаѓач Колевски во Вардар до 2020!
Младиот напаѓач Колевски во Вардар до 2020!

Младиот напаѓач Колевски во Вардар до 2020!

Бојан Колевски го продолжи договорот со Вардар, со што тој останува дел од нашиот тим. Младиот напаѓач ја продолжи верноста со „црвено-црните“ на уште една година, односно до јануари 2020 година. Колевски изминатава есен ја мина на позајмица во Борец каде играше феноменално, па посакуваме истите партии и голови да ги има и во матичниот клуб.

„Драго ми е што ја продолжив соработката со Вардар. Не се двоумев кога ми беше понудено да продолжам во Вардар. Веднаш прифатив и сега откако сето тоа е завршено, останува да се фокусирам само кон подготовките на екипата и да се наметнам кај стручниот штаб, односно да конкурирам за настап во првиот тим во пролетниот дел од сезоната“, рече Колевски. 

19595-bojan-kolevski-go-prodolzhi-dogovorot-so-vardar

„Среќен сум што сум повторно тука, и што ќе можам да конкурирам за настап во првиот тим. Ќе дадам се од себе на подготовките да се покажам пред стручниот штаб дека може да сметаат на мене во пролетниот дел. Веќе имам искуство со подготовки, на последните неколку сум дел од тимот и знам што не очекува. За пролетниот дел посакувам добри настапи и добри резултати, и секако како и сите во Вардар, посакувам да дојдеме до шампионската титула“, вели напаѓачот по продолжување на соработката.