Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Жуниор: Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар
Жуниор: Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар

Жуниор: Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар

Леовигилдо Жуниор Реис Родригез вели дека е среќен што дошол во Вардар, најдобиот клуб во Македонија. Потенцираше дека добро се вклопувал во новата средина и дека е одлично примен од новите соиграчи. Исто така левиот бек нагласи дека неговиот тим посакува со добри резултати да заврши на првата позиција на табелата.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“, рече Жуниор. 

„Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот“, вели новото засилување на „црвено-црните“.