Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигна до седмиот последователен триумф сезонава во регионаната скопска лига. Вечерва на теренот на Академијата нашите млади надежи не дозволија изненадување и убедливо ја победија екипата на Кул Здравје со резултат 7:0 .
Тренерот Спасески го стартуваше мечот со следните 11-сетмина: Данстак, Порчу (c), Спасовски, Јанкоски, Николов, Миовски, Величковски, Нурединовски, Николовски, Ајетовиќ, Алији.
Андреј Величковски беше играчот кој имаше прв обид кон противничкиот гол, но топката отиде над голот. Црвено-црните го отворија резултатот на 1:0 со евро голот на Алтин Нурединовски, кој биеше од некаде 20 метри, во горниот лев голмански агол, голманот на Кул иако се обиде да интервенира, топката одеше брзо, па заврши позади неговиот грб. Момците на Спасески го контролираа мечот, имаа многу повеќе од играта и постојано создаваа шанси за погодок. Николовски прв пат на дуелот се најде во прилика, но во последен момент еден од противничките играчи ја исфрли топката од гол линијата. Вардаровиот голман, Андреј Данстак немаше работа во првото полувреме, односно Кул не успеа да упати ниту еден директен удар на нашиот гол, што само говори за доминацијата на вардарци. Кул беше притиснат на својата половина, па прашање на време беше кога ќе постигнеме нов гол. Алији Алтан беше играчот кој имаше два обиди за гол, но во двата удари поуспешен беше противничкиот голман. Вардар го зголеми водството и на 2:0 со погодокот на Марко Николовски, откако Ајетовиќ ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, истата стигна до Алији кој ја додаде до Николовски, овој успешно стрела за мрежата на Кул. Само една минута подоцна, ние зголемивме и на 3:0, со првиот гол денес и на Нуман Ајетовиќ, на кој му се отвори простор да погоди, тоа и го стори за зголемена предност. Тренерот Спаесески мораше да направи принудна замена во првото полувреме, играта поради повреда ја напушти капитенот Порчу, додека на негово место во игра влезе Настевски. Во последните пет минути од првиот дел, удар имаше Николовски, голманот на Кул одбрани со крајни напори и спречи поголема негатива.
Не застанавме ниту во второто полувреме, кога исто така бевме доминантни во однос на противникот. Успеавме да постигнеме нови четири голови во противничката мрежа, истите беа дело на нововлезените Антони Динов и Олег Трифуновски, потоа со вториот гол денес на Марко Николовски, како и погодокот на Андреј Величковски, за конечни 7:0 на мечот од регионалната-скопска лига. Во игра покрај Трифуновски и Динов, влегоа уште и Танчев, Краљевски, Цониќ и Ордевски.
Вардар го задржа стопроцентниот ефек во лигата, а оваа генерација се уште нема примено гол сезонава, а после ова коло на своето конто има 39 постигнати голови во мрежите на противниците.