Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2007 одигра две нерешени средби со резултат 2:2
ФК Вардар ген.2007 одигра две нерешени средби со резултат 2:2

ФК Вардар ген.2007 одигра две нерешени средби со резултат 2:2

ФК Вардар генерација родени 2007 денес одиграа два меча во детската лига. Избраниците на Горан Петревски-Чунга на двата меча одиграа реми со идентичен резултат 2-2.

5 3

Во првата средба ФК Вардар(2) се сретна со тимот на ФК Сарај овој меч заврши 2-2 (2-1). Најпрвин се закани ривалот, на нашиот гол веќе во првата минута мораше да интервенира Даниел Исајловски. Потоа ние се заканивме, удар над голот на противникот имаше Петар Котевски, за жал истиот не заврши во мрежата. Поведовме со 1-0 преку Алексеј Ивановски. Истиот играч потоа имаше шанса и за нов погодок. Успеавме да ја удвоиме предноста со голот на Филип Смиљков кој погоди за 2-0, тој шутна силно по земја за наша радост. Ривалот пред крајот на првит дел намали на 2-1 со гол од слободен удар.

4

Во вториот дел се обидувавме да зголемиме, прилики имавме неколку, се обидоа помеѓу другите и Војо Стојановски и Котевски. Сепак за жал не успеавме да дојдеме до два гола предност, тоа ни се одмазди на крајот. Ривалот во самиот финиш успеа да не казни погоди за 2-2, резултат со кој беше окончана оваа средба.

5

ФК Вардар(1) се сретна со тимот на ФК Кул-1, во еден интересен меч одигравме исто така реми со резултат 2-2.  На оваа средба ние доминиравме, имавме повеќе од играта во дуелот со тимот на ФК Кул. Овде ривалот поведе со 2-1, а ние успеавме да дојдеме до 2-2, резултат со кој се заврши мечот. Двата гола беа дело на исти играч, станува збор за еден од подобрите вардарци, Стефан Младеновски.