Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Голем пораз на ФК Вардар генер.2005, Кул за едно полувреме ни даде шест голови и ни го нанесе првиот пораз сезонава
Голем пораз на ФК Вардар генер.2005, Кул за едно полувреме ни даде шест голови и ни го нанесе првиот пораз сезонава

Голем пораз на ФК Вардар генер.2005, Кул за едно полувреме ни даде шест голови и ни го нанесе првиот пораз сезонава

Честитки до екипата на Кул Здравје која успеа да не надигра во второто полувреме и да ни постигне шест голови. Генерација 2005 доживеа висок пораз на домашен терен, иако на полувреме имавме водство од 0:2, на крајот бевме поразени со резултат 3:6.

Тренерот Петковски стартуваше со следните 11-сетмина: Јакимовски, Таневски, Серафимов, Кулуковски, Дошев, Спасиќ, Цветков, Јовановски, Антевски, Величковски (c).

Првиот директен удар на мечот го имаше Вардар, после нафрлена топка од корнер, во противничкиот шеснаесетник највисок со глава беше Таневски, кој бие само над голот на Кул. Се закани и гостинскиот тим, но одбрани на нашиот гол, Леонид Илиевски. Вардар играше тактички одлично во овој дел мечот, сите приоди кон нашиот гол беа добро затворени, а Вардар имаше поголем посед на топката. Пред да го отвориме резултатот, акција од десната страна имаа нашите надежи, се обиде Антевски, но шутира само крај голот. Иницијативата ја претвараме со гол, за водство од 1:0. Стрелец на голот беше Никола Величковски, кој доби одлична топка од Јовановски, а Величковски биеше од прва, голманот на Кул беќе немоќен и принуден да ја вади топката од мрежата. Се обиде Кул од голема далечина од сободен удар да го загрози нашиот гол, но смирен беше Илиевски кој ја прибра топката во рацете. До крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме уште еден гол, кој беше дело на Филип Јовановски. Овој пат во улога на асистент беше Величковски, кој даде точен пас до Јовановски, нашиот играч изби сам со противничкиот голман, кој успева да го совлада за водство од 2:0 на полувреме.

Нешто невидено на фудбалските терени во оваа категорија на петлиња, се случи во второто полувреме. Целосно се распадна играта на Вардар, а Кул како препороден за само десет минути успева да ни постигне три гола во нашата мрежа и да направи резултатски пресврт (2:3). На стартот на вториот дел, беше направена голманска измена, Филиевски го замени Илиевски, и нашиот голман во второто полувреме од шест удари кон нашиот гол прими исто толку погодоци, што не е за верување, но ете тоа се случи во вторите 40 минути, во кои Вардар доживеа вистинска „бламажа“. Кул не застана тука, успеа да постигне уште три нови голови и да зголеми на 2:6, додека во последната минута од мечот, поразот го ублажи Горјан Цветков кој постигна гол од слободен удар, за конечни 3:6 на овој дуел од регионалната-скопска лига.

Ова е прв пораз сезонава за генерација 2005, додека екипата на Кул стигна до осмата победа од исто толку одиграни мечеви сезонава.