Пионерите на Вардар кои играат во младинската лига, денес дојдоа до прва победа. Момците на Зоран Петковски-Зенга кои се 4.години помали од категоријата во која играат дојдоа до деби успех, тие ја совладаа екипата на РК Јуниор К.В со 36-32. Честитки за тренерот и момците за овој одличен дуел.
Ние отворивме одлично, имавме доминација на почетокот и поведовме со 4-1. Ривалот се обидуваше да се врати во игра, тие постојано притискаа. Се играше одличен ракомет, цврста игра прикажаа двата тима на теренот во Јане Сандански. Со овие три гола предност, 13-10 влеговме и во последните 10.минути од овај младински дуел. Стоменов Александар изнуди потоа пенал, истиот го реализираше Петковски Христојан. На нашиот гол две одбрани врза Спасовски Никола, со тоа со голови го наградија Писонеро Александро и Стоменов Александар па првпат отидовме на високи шест плус. Во таа 25.минута ние поведовме со 16-10. Со рационална игра ги чувавме овие шест плус, во последната минута се деси спектакал за присутните. Анакиевски Никола и Писонеро проиграа двојно па со „цепелин“, Александро заби за 19-13 и овации во салата.
По првиот напад ривалот во вториот дел намали на пет разлика, погодувајќи за 19-14. Ние одигравме умно, Зенга ротираше и недоволуваше ривалот да не спушти под таа граница. Во 40.минута со голот на Стоименов, поведовме со 23-18, нашиот пикер одлично се снајде помеѓу дузина свои чувари. Постојано се играше гол за гол, па и по 50.минута беше плус пет за нас, за 32-18 погоди Анакиевски Никола со силен удар од околу 9.метра кој се заби под гредата. До крајот се беше формалност ние победивме со 36-32. Одлично ротиравме од клупата па дојдовме до првата младинска победа за овој пионерски тим.
Кај вардарци: Анакиевски Никола со 7 гола беше прв стрелец, а Петковски Христијан и Стоименов Александар погодија по пет пати. По четири пати успешни беа; Стојаноски Марио и Писонеро Алекандро.