Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во финишот се спаси од голема бламажа, Гевгелија „скршена“ на крајот
ЖРК Вардар во финишот се спаси од голема бламажа, Гевгелија „скршена“ на крајот

ЖРК Вардар во финишот се спаси од голема бламажа, Гевгелија „скршена“ на крајот

Вардар се извлече во финишот во Гевгелија, ние бевме на чекор од бламажа, пораз да ни нанесе тим кој досега има само 7.бода и дури на 9.позиција на табелата. Ристова се одлучи да даде шанса на девојките со помала минутажа на ова гостување, колку тие ја задоволија останува да се направат додатни анализи од стручниот штаб, но оваа победа денес не радува, туку загрижува. Со серија 0-4 во последните моменти дојдовме до победа со два гола, 25-27. Голем двигател на нашето “преживување“ денес беше Јована Трајкоска која одбрани неверојатни 21 удар на мечот, одржувајќи не во игра.

Ние отворивме одлично со два врзани гола, Николиќ Милица и Стефанија Ѓорѓиевска погодија за црвено-црните дами. Противникот успеа со серија 3-1 да изедначи на 3-3, ние повторно врзавме два гола и повторно Николиќ и Ѓорѓиевска стрелаа па поведовме со   3-5. Се случи нешто необјасниво, далеку понеквалитетниот тим на домаќинот не надигра и со серија 5-0 направи пресврт, тие поведоа со 8-5. Ние се обидувавме да ја анулираме негативата со цел на одмор да заминеме без „резултатски кусок“. На пауза сепак Гевгелија отиде со предност, тие за време на одморот водеа со 13-12.

Денес игравме драстично лошо, бевме фаворит, заминавме со комбиниран, но силен тим на оваа средба. Наместо да успееме да направиме ран пресврт ние отидовме на уште поголема негатива, како да немавме „крв“ на оваа средба, доволивме младиот ривал да поведе со  21-18, а ние да бидеме на работ на „безната“. Во финишот бламажата беше во најава, домаќинот водеше со 25-23, времето истекуваше ние моравме да најдеме лек за нив. Едноставно нешто беше лошо поставено денес во нашата игра, се очекуваше лесна победа, меч кој само ќе биде еден од низата добиени.  Кога беше клучно одигравме на ниво, со серија 0-4 дојдовме до победа 25-27 и се спасивме од пораз кој немаше да биде нималку пријатен за нас, бидејќи веќе врзавме два неуспеси на гости по ред.

На овој меч Јована Трајкоска  имаше 21 одбрана, Седлоска Андреа  даде 7 гола, Николиќ Милица 5 гола,  Божиновска Ана Марија и Ивона Трпевска погодија по 4 пати.