Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинскиот тим на Вардар Јуниор минимално поразен во гости од Металург-2
Младинскиот тим на Вардар Јуниор минимално поразен во гости од Металург-2

Младинскиот тим на Вардар Јуниор минимално поразен во гости од Металург-2

Кадетите на Вардар Јуниор во младинското дерби гостуваа кај тимот кај Металург-2, нашите момци на оваа средба беа поразени минимално со 20-19. Во еден цврст дуел со многу борба, ние пропуштивме 4 пенала и неколку зицери. Судењето класично за Автокоманда, на штета на црвено-црниот тим, судиските улоги често го менуваа текот на мечот на наша штета. 

Домаќинот отвори подобро на почетокот тие поведоа со плус три, односно со 4-1. Следеа наши минути, ние во одбраната ја подобривме играта па успеавме да се вратиме целосно во дуелот. Со иста серија изедначивме на 5-5.  Во продолжение домаќиот имаше повеќе од играта, потпомогнат од судиските одлуки се одлепуваше па на одмор замина со „капитал“ од четири гола, 12-8.

Вториот дел започна со голема борба, двата тима постигнаа по пет гола во противничката мрежа. Бевме постојано на минус четири, ние се обидувавме да се вратиме. На семафорот беше 17-13, кога се очекуваше дека сме скршени ние дадовме екстра напор. Момците се издигнаа, тргнаа фуризоно и изедначија на 18-18. Домаќинот на крај дојде до победа со резултат 20-19.

Кај нас Бојан Чакалиќ имаѓе дури девет гола, а Киселовски Леонид  впиша пет гола.