Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во недела, генер. “2004„ и “2005„ на ФК Вардар се домаќини на Скопје
Во недела, генер. “2004„ и “2005„ на ФК Вардар се домаќини на Скопје

Во недела, генер. “2004„ и “2005„ на ФК Вардар се домаќини на Скопје

Во недела ново коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе одиграат генерациите на ФК Вардар, родени “2004„ и “2005„ година. Тие за противник ја имаат екипат на Скопје, мечеви кои ќе се одиграат на теренот на Академијата.

Вардаровата генерација “2005„ има максимален учинок на освоени бодови. Избраниците на Сашо Јанев играат одлично и имаат шест последователни победи од исто толку мечеви. Минатото коло на гостински терен бевме подобри од екипата на Македонија Ѓ.П. Вардарци се фаворити за нов триумф, натпреварот против врсниците од Скопје ќе започне во 10:00 часот.

Генерацијата на Вардар родени “2004„ година врза три победи по ред, вкупно четири за избраниците на Петар Ѓорѓиески, кои имаат и еден нерешен резултат и пораз. И на овој дуел треба да стигнеме до трите бодови и да го задржиме чекорот со конкурентите за трофејот. Минатата сезона ги добивме двата дуели против екипата на Скопје, на гостински терен бевме подобри со резултат 0:2, додека на теренот на Академијата славевме убедливо со 5:0. Дуелот помеѓу Вардар и Скопје кај оваа генерација, стартува во недела од 12:00 часот.