Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига
Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига

Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2004“ во детската лига

Фк Вардар генерација родени “2004“ година продолжуваа со добрата игра и победите во детската фудбалска лига. Утрово на терените на фудбалската федерација на Македонија, избраниците на Филип Арсовски го одиграа четвртото пролетно коло. Противници ни беа екипите на Викторија и Нова Колонија.

Првиот дуел беше помеѓу ФК Вардар (2) и екипата на Викторија. Интересно е тоа што првите удари беа упатени кон нашиот гол , кој голманот Васко Василев успешно ги скроти. Вардарци на почетокот делуваа сеуште “поспано“, што му овозможи на противникот прв да го отвори резултатот од 0:1. Викторија поведе со одличен погодок од слободен удар, за веќе во следната акција да имаме среќа, откако противникот ја погоди стативата од нашиот гол. Ова како да ги разлути Вардарци кои почнаа да играат се подобро и да ја полнат мрежата на Викторија. Никола Анчевски израмнува на 1:1, откако топка од средината на теренот пресече Горазд Попов со брз продор асистираше до Анчевски, овој умешно се ослободува од противничкиот играч и ја сместува топката во голот. Горазд Попов набргу носи и водство за Вардар од 2:1, со мајсторски гол во левиот горен агол. До крајот на првиот дел во два наврати биеше Анчевски, но противничкиот голман ги брани неговите удари.

Во вториот дел следи голеада на црвено-црните, кој ја започна Марио Сурлов за водство од 3:1. На нов погодок не се чекаше многу време, откако Стефан Стојановски повторно ја тресе мрежата на Викторија за 4:1. Марио Сурлов покажува дека има “топ“ во својата нога, бие силно речиси од половина терен, за веќе убедливи 5:1. До крајот на мечот, избраниците на Арсовски го диктираа темпото на игра, постигнувајќи уште два пододоци. Стојановски Стефан повторно погодува за 6:1, додека последниот гол на овој меч беше дело на Горазд Попов со удар од белата точка, за конечни 7:1 на овој меч.

Убедливи во својот настап беше и екипата на ФК Вардар (1) кој за противник ја имаше екипата на Нова Колонија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:0. Георг Стојановски  и Огнен Здравковски постигнаа хет-трик.

Натпреварот со гол го отвори одличниот на овој меч Огнен Здравковски кој изби сам со голманот и успешно стрелаше за водство од 1:0. До крајот на првото полувреме резултатот беше непроменет, иако црвено-црните имаа неколку прилики за зголемување на водството, преку Каровски, Здравковски и Павлески.

Второто полувреме повторно започнува со гол на брзиот Огнен Здравковски кој како “стрела“ пресече од средината на теренот, се ослободи од противничкиот играч и бие преку нозете на голманот за 2:0. Следните три погодоци беа сите дело на голгетерот Георг Стојановски. Најпрво погоди со глава, по центар шут на Никола Анчевски за 3:0. Пред да погодиме повторно, имавме можност со удари во една акција на Каровски и Анчевски да заголемиме, но голманот на Нова Колонија успешно одбрани. Уште два погодоци за Георг Стојановски до крајот и еден на Огнен Здравковски за конечни 6:0.