Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровите пионери убедливи со Ф.К Победа, победивме со 4-0
Вардаровите пионери убедливи со Ф.К Победа, победивме со 4-0

Вардаровите пионери убедливи со Ф.К Победа, победивме со 4-0

Денес својот прв пролетен меч како домаќини го имаа и пионерите на ФК Вардар, тие на теренот во приградската населба Марино се сретнаа со врсниците од прилепска Победа. Мечот по првите 45 минути заврши нерешено со почетниот резулат 0-0 што наговестуваше тежок втор дел, но нашите момци во вториот период со 4 гола обезбедиа убедлива предност,   а потоа и  победа со 4-0. За екипата предводена од Сашо Тодоровски мечот го почнаа следните 11-сетима: Зибери, Стојчевски, Спасиќ, Ѓорѓиевски А., Рамиќ, Ристовски, Кренар, Ристовски, Бетиќи, Бериша, филиповски и Али.

Вардарци тргнаа офанзивно во почетокот на дуелот, но во првите десетина минути немаше посериозна шанса на двете страни од теренот во Марино. Први свој шанси забележаа кај нас Дарпишта и Спасиќ, но и двата обида на нашите млади фудбалски надежи не вродиа со отворање на резултатот во наша корист. Во продолжение голма шанса забележува Марко Стојчевски тој од слободен удар во 20.минута шутира под пречката, но голманот на гостите Вујменски таа топка ја боксува и го спасува својот гол. Шансите пред голот на Победа се редат како на филмска лента следен кој се обиде беше Бериша од сврување во 28 минута од мечот. Голманот на прилепчани Вујмеменски спасува неколку нафрлени топки од нашите крилни играчи и недава да дојдеме до шанса по ваков центар-шут да го загрозиме. Во 30 минута прва шанса за гостите од Прилеп шутираат од 25 метра, но голманот на вардарци Малик Зибери одлично брани. Поради повреда на грбот од игра е повлечен  Стојчевски, а на негово место во 31 минута влегува Петковски Христијан. Бериша повторно имаше шанса во 34 минута од свртување но и овој негов удар не донесе водство за црвено-црните пионери. На 2 минути пред крајот на првиот дел убав продор по десната страна имаше Филиповски кој нафрли на втора за Саит Бетиќи кој беше на 4-5 метра од гол линијата за жал топката мина 10-см над главата и не успеаа да ја зафати оваа одлична топка.

Вториот дел Сашо Тодоровски го започна со серија измени на момците кој го стартуваа првиот дел на место на Ристовски влезе Каркалишев, а Филиповски му го остапи своето место на Ѓорѓиевски Марко. Свое деби за кадетскиот состав имаше и новиот голман на Вардар младиот надежен Мето Велковски кој влезе на полувремето на место на Малик. Нововлезениот Марко Ѓ. прв влезе во шанса во вториот дел тој имаше прилика од свртување во 4 минута од овој период да погоди, но неговиот удар заврши карај стативата во надворешниот дел од мрежата. Црвено-црните се во офанзива максимално напаѓаат , а пак Победа се одлучи за “бункер“ очигледно задоволна со почетните 0-0. забележуваме уште една одлична шанса по нафрлувањето на Бериша топката доаѓа до Ѓоргиевски А. кој не успева да ја смести зад грбот на  Вујменски. Се играше во Марино 53 минута од дуелот изведувавме слободен удар на голема дистанца од над 40 метра , се одлучивме за центар шут во полниот казнет простор  каде највисок во скокот беше Ѓоргиевски А. неговиот удар заврши под гредата за отварање на мечот со 1-0. Веќе во следната акција во шанса по одличен прием влезе Саит Бетиќи, но голманот на гостите со пад во нозе успеа да ја острани опасноста за неговиот гол.Овој погодок ги мотивираше нашите момци да трганат во потрага и по втор погодок, целата игра ја префрливме на половината на гостите. Се играше 68 минута од овој лигашки дуел голманот на гостите првпат денес несмасно интервенираше и ја одби топката по еден млак удар на истата лукаво притрча Битиќи кој постигна гол за 2-0 . Во следната акција во 69 минута повторно топката дојде во срцето на казнетиот простор каде Марко Ѓорѓиевски одлично прими и “егзекуцијата“  беше неминовна за прилепчани. По ова водство тренерот реши да направи уште две измени на место на Али влезе Пешевски, а Битиќи го остапи местот на Ѕурѕу. Вардарци до крај успееа  да дадат уште еден гол , нововлезениот Пешевски доби убава асистениција  и го постави конечниот резулат 4-0. Ѕурѕу ја имаше последната шанса на мечот на 2 минути до крајот кога одлично шутна од слободен удар, топката беше негде на 20 метри од лево , Никола шутна во горниот десен агол, но голманот Вујмеменски одлично брани и ги собира аплаузите на сите присутни.