На пријателскиот натпревар против екипата на Тетекс, шефот на стручниот штаб, Бобан Грнчаров, промовираше уште тројца играчи од школата, кои го имаа својот прв меч за сениорскиот тим.
Се работи за Симеон Здравковски (2005), Давор Лефковски и Матеј Гаштаров (2006).
Сите тројца се долго време во Вардар, клуб со кој освојуваа и трофеи во младинските натпреварувања, а исто така имаат и настапи за младите репрезентации на Р.Македонија.