Вчера, младинската репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство. На првенството во Романија, во 3.коло од групната фаза се сретнавме со тимот на Чешка која не совлада со резултат 29:24.
Со нула бодови ни преостануваа да разигруваме за пласман од 9 до 16 место на младинскиот континентален собир.
На одмор заминавме со минимална негатива од само еден погодок, особено во финишот на полувремето имавме солидна игра 13:12. Имавме прилика за поволен резултат во 55.минута заостанувавме само еден гол, 24:23, сепак Чешка беше поконкретна и победи со фуриозен финиш со дури пет гола повеќе, односно со 29-24.
Најефикасна во составот на Македонија беше вардарката Сара Стефаноска со шест погодоци.