Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Георгиев се откажа од ФК Вардар
Георгиев се откажа од ФК Вардар

Георгиев се откажа од ФК Вардар

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев и дефинитивно се откажа од можноста да го превземе фудбалскиот клуб Вардар.

Иако постоеше интерес од страна на Георгиев веќе долго време, сепак, на крајот од ова нема ништо бидејќи денеска е соопштено дека поранешниот бугарски фудбалер се повлекува.

Според информациите на ,,Вардар Фанс”, во игра заедно со Георгиев да го превземат ФК Вардар беа и тројца некогашни репрезентативци на Македонија, од кои двајца беа и поранешни фудбалер на ФК Вардар, како и двајца луѓе од Бугарија.

Од денес и фудбалерите на ФК Вардар се слободни агенти. Што ќе се случува со судбината на клубот е крајно алармантно и неизвесно. Во игра се најлошите сценарија….