Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Кога го гледам Дибиров како игра и на 37 години, посакувам и јас да бидам како него
Чупиќ: Кога го гледам Дибиров како игра и на 37 години, посакувам и јас да бидам како него

Чупиќ: Кога го гледам Дибиров како игра и на 37 години, посакувам и јас да бидам како него

Иван Чупиќ е еден од играчите со подолг стаж во редовите на Вардар, многу важен дел од играта на Европскиот Шампион кој со своето непроценливо искуство имал голема улога во успесите на Вардар.

Чупиќ го продолжи договорот на уште една година и во новата сезона ќе го гледаме во црвено-црниот дрес. Во интервју за „Брз Центар, кој е руски медиум, Чупиќ изјави дека сака да игра уште неколку години ракомет, но се зависи од тоа колку ќе биде здрав.

-Кога го гледам Дибиров како игра и на 37 години, би сакал и јас да бидам како него. Пред неколку години мислев дека побрзо ќе ја завршам играчката кариера, со оглед дека имав проблеми со колената. Во последно време се чувствувам подобро, немам повреди. Паузата од неколку месеци ми годеше, па сакам да играм уште најмалку две години ракомет, а се надевам дека ќе биде и повеќе. Кога ќе мислам дека не можам, тогаш ќе кажам дека е доста. Не исклучувам враќање и во репрезентацијата. Кога се откажав во 2018 година од националниот тим се чувствував  уморен, во Скопје бев сам, без семејството и тешко ми беше. Сфатив дека не можам веќе на два фронта и се откажав.

Чупиќ освои многу трофеи со Вардар, од кои и две Европски титули во 2017 и 2019 година.