Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вонредно 6 коло во младите фудбалски лиги, Вардар се сретнува со Њу Старс
Вонредно 6 коло во младите фудбалски лиги, Вардар се сретнува со Њу Старс

Вонредно 6 коло во младите фудбалски лиги, Вардар се сретнува со Њу Старс

Во вторник и среда ќе се одигра вонредното 6.коло во младинските фудбалски лиги. Вардар за противник ќе го има тимот на Њу Старс.

Во вторник, кадетите и младинците на Вардар ќе бидат домаќини на Њу Старс. Натпреварите ќе се одиграат на теренот во населбата Хиподром, во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во среда, пионерските екипи ќе гостуваат на истиов противник, на игралиштето на АМС во Ѓорче Петров. Својот натпревар помладите пионери ќе го започнат од 12:00 часот, додека пионерските екипи ќе стартуваат од 14:00 часот.