Со натпреварот на Струга и Вардар се комплетираше 11.коло во машката ракометна Супер лига. Црвено-црните малку потешко од очекувањата го скршија отпорот на Струга и славеа на гостински терен. Дербито на колото се играше во Скопје, каде Бутел на гости го победи тимот на Пролет и на тој начин се проби на третото место на табелата, откако и Еурофарм Пелистер 2 и Охрид одиграа со нерешен резултат.
Комплетни резултати од 11.коло во Супер лигата:
Прилеп – Еурофарм Пелистер 24:41
Металург – Скопје 2020 33:24
Пролет 62 – Бутел 20:24
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 28:28
Тиквеш – Радовиш 33:20
Струга – Вардар 1961 28:37
Вардар и Еурофарм Пелистер остануваат на делба на првото место со идентични 30 освоени бодови, додека Бутел изби на третото место со 24 освоени бодови.