Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Малме донесе старо – нов голман
Малме донесе старо – нов голман

Малме донесе старо – нов голман

Противникот на Вардар продолжува да се засилува пред дуелите со нашиот тим. Старо нов играч на тимот е голманот Јохан Далин.

Далин има 30 години и доаѓа од редовите на Митјиланд од данската лига. Овој голман од 2009 до 2013 година бил дел од тимот на Малме, каде запишал 104 натпревари. Далин во својата кариера има настапувано во тимови од Турција, Норвешка, Данска и тн. Исто така Далин има и четири настапи за А селекцијата на Шведска, но тие последен пат биле во 2014 година.

Прв голман на тимот кој ќе брани против Вардар треба да биде Виланд, додека пак Далин треба да биде неговата замена.