Вардар нема да биде еден од носителите на ждребот за новата сезона. Малку неочекувано, шампионот ќе се најде во вториот шешир заедно со тимот на Кјелце. Во првиот шешир оваа сезона се тимовите на Барселона и Веспрем. Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе биде извршено на 30 јуни во Љубљана.
ШЕШИР 1: Веспрем, Барселона
ШЕШИР 2: Вардар, Кјелце
ШЕШИР 3: ПСЖ, Некар Левен
ШЕШИР 4: Загреб, Алборг
ШЕШИР 5: Висла, Мешков Брест
ШЕШИР 6: Целје, Пик Сегед
ШЕШИР 7: Фленсбург, Кристијанштад
ШЕШИР 8: Кил, Нант.
Новата сезона во ЛШ ќе стартува на 13 септември.