Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре против Матерсбург
Утре против Матерсбург

Утре против Матерсбург

Вардар утре ќе го одигра третиот пријателски натпревар на подготовките во Австрија. Утрешен противник ќе биде уште една екипа од австриската прва лига. Овој пат станува збор за тимот на Матерсбург.

Матерсбург изминатава сезона во првата австриска лига заврши на седмата позиција на табелата од вкупно десет екипи. Најдобат стрелец изминатава сезона во тимот на Матерсбург бил напаѓачот од Австрија, Патрик Бургер. Овој 30 годишен играч на 31 првенствен натпревар постигнал осум погодоци. Во овој момент во тимот на Матерсбург има вкупно осум интернационалци. Најголем дел доаѓаат од Шпанија (тројца).

Натпреварот против Матерсбург ќе биде одигран утре со почеток во 18 часот.