Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Вардарци работат вредно во Анталија, во вторник прв тест со Волфсбергер
(ФОТО) Вардарци работат вредно во Анталија, во вторник прв тест со  Волфсбергер

(ФОТО) Вардарци работат вредно во Анталија, во вторник прв тест со Волфсбергер

Избраниците на шефот на стручниот штаб на ФК Вардар во Анталија ја одработуваат втората фаза од овогодинешните зимски подготовки за пролетниот дел во македонскиот фудбалски шампионат. Тие вчера на првиот утрински тренинг во овој јужен турски град тренираа на дожд, кои не ги спречи да го одработат претходно зацртаното.

vardarfans

Нашите момци по тренинзите овој викенд веќе во вторник ќе го имаат првиот тест-меч со австриски  ВАЦ Волфсбергер. Со австријците се сретнавме и во текот на ланските подготовки кога одигравме 1-1. Во првото полувреме противникот поведе со голот на Шидл во 5 минута, а изедначи во  46 мининута Петар Петковски. Овој меч против тимот на Волфсбергер ќе биде одигран со почеток од 15:30 часот по локално време, на терените на хотелскиот комплекс „Титаник Бич Лара“, додека термините и местата на одигрувањето на останатите натпревари ќе бидат дополнително утврдени. Според пласманот ќе играме уште четири тест меча до крајот од подготовките со следните екипи :

28 јануари: Вардар – Вил 1900 (Швајцарија)

05 февруари: Вардар – Слован Либерец (Чешка)

08 февруари: Вардар – Металист Харкив (Украина)

12 февруари: Вардар – Черноморец Одеса (Украина)

5