Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Манасков против Карачиќ и Циндриќ
Стоилов и Манасков против Карачиќ и Циндриќ

Стоилов и Манасков против Карачиќ и Циндриќ

Вчера се одигра првиот натпревар од главната фаза на ЕП во Полска, на натпреварот на Македонија и Хрватска имаше пет играчи на РК Вардар. Манасков, Стоилов и Ф.Лазаров ја предводеа Македонија од едната страна, а од другата страна беа Карачиќ и Циндриќ, играчите од хрватската репрезентација. За жал овој натпревар го добија Карачиќ и Циндриќ, а најрасположен за игра беше Дејан Манасков.
stole

Манасков постигна вкупно 7 погодоци, што значеше и најдобар стрелец на овој натпревар, Столе Стоилов постигна 3 погодоци за Македонија додека пак Ф. Лазаров не се запиша во листата на стрелци. Од друга страна, Игор Карачиќ даде 3 голови за Хрватска, додека пак Циндриќ не успеа да се запише во листата на стрелците.