Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Немоќен Вардар денеска, прв пораз во ПМФЛ
Немоќен Вардар денеска, прв пораз во ПМФЛ

Немоќен Вардар денеска, прв пораз во ПМФЛ

Вардар го одигра најслабиот натпревар оваа сезона во ПМФЛ. Вардар попладнево го доживеа првиот пораз оваа сезона. Денеска Работнички не надигра, и славеше победа со резултат 3:0 (1:0).

ВАРДАР: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 9. Блажевски. 10. Којашевиќ, 14. Велковски, 16. Глигоров, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 89. Боарето. РАБОТНИЧКИ: 1. Божиновски, 4. Митрев, 6. Херера, 7. С. Сахити, 10. Најденов, 11. Силјановски, 16. Е. Сахити, 18. Елмас, 22. Ивановски, 24. Трајчевски, 27. Рашо.

Вардар првиот дел го одигра бледо. Првата закана кон голот на Божиновски ја упати Фелипе во деветата минута, но неговиот удар отиде крај левата статива на голманот на Работнички. Потоа дури до 27 минута немаше закани кон двата гола. Во 27 минута Којашевиќ шутираше од 20-сетина метри, но Божиновски лесно ја прифати таа топка. Во 33 минута по изненадување на сите, Работнички по првиот обид кон нашиот гол успеа да го матира Гачевски. Гачевски направи голема грешка, место да прифати една лесна топка таа му се лизна од рацете и дојде до С. Сахити кој погоди за 1:0. Во 38 минута се закани и Блажевски но неговиот удар не беше проблем за голманот на Работнички. Во 43 минута Балотели имаше добра прилика, но топката за малку не пројде низ излезениот голман на Работнички и пропадна и оваа шанса.

Во втиориот дел во 46 минута во игра влезе Николов Бобан на местото на Спировски Стефан. Во 61 минута во игра влезе и Јасир Асани на местото на Никола Глигоров. Во 64 минута домаќинот имаше добра закана кон нашиот гол но Елмас шутираше крај голот на Гачевски. Потоа во 65 минута Николов имаше изгледа шанса но биеше многу лошо високо над голот. Во 70 минута Асани ја пропушти најголемата шанса за Вардар на мечот. Доби топка по земја и од само неколку метри успеа да го утне голот на Работнички. Во 71 минута во игра влезе и Петковски на местото на Љамчевски. Уште една голема шанса имаше Вардар во 80 минута преку Балотели но истиот играч не се снајде на неколку метри пред противничкиот гол. Вардар се мачеше во вториот дел но никако не успеа да дојде до голот на домаќинот. Вардар делуваше многу немоќно на денешниот меч. Во 86 минута Работнички дојде и до 2:о со голот на Дурански Филип за три бода за домаќинот од овој меч. Во 93 минута со голот од пенал на Ивановски, Работнички дојде и до 3:0 за крај на мечот.