Денес на теренот на Академијата се одигра завршниот есенски турнир во фудбалската “Јуниор“ лига. На него учество земаа генерациите родени “2004“, “2005“ , “2006“ и “2007“ година. Вардаровите екипи во сите генерации одиграа против регионалните школи кои беа составени од најдобрите играчи во фудбалските школи кои се дел од лигата.
Избраниците на Ане Андовски одиграа нов одличен натпревар и на крајот славеа убедливо со резултат 13:1. Тренерот Андовски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Голеадата ја отвори Огнен Здравковски за предност на црвено-црните од 1:0. Истиов играч се најде во нова шанса, но противничкиот голман го брани неговиот удар. Можевме набрзина да го зголемиме резултатот, но пречката од голот беше сојузник на противникот, инаку удар упати Марко Софијаноски. Сепак Марко во следната акција успева да постигне гол и да зголеми на 2:0. Статива за Вардар, Горазд Попов немаше среќа да постигне гол. Нов удар упати Огнен Здравковски, но голманот не дозволува поголема негатива во тие моменти. Најдобрите од регионалниште школи “2006“ успеваат да псотигнат почесен гол и да го намалат резултатот на 2:1. Вардарци продолжуваат со својата игра до крајот на првиот дел успеваат да псотигнат два гола. Најпрво на 3:1 зголемува Горазд Попов, во истата акција удар упати Марио Сурлов одбрани голманот, на одбиената топка наиде Горазд кој ја смести во голот. Прв гол на овој меч постигнува и Димитар Стоимов за водство од 4:1.
Во второто полувреме продолжи голеадата на нашите млади надежи. Прв кој отвори со гол во овој дел од мечот беше Никола Павлески за водство од 5:1. Прв гол на мечот постигнува и Сандро Каровски за веќе убедливи 6:1. Продолжи добрата игра на нашиот состав и до крајот на натпреварот беа постигнати уште седм голови. Стефан Стојановски (7:1), Матео Софијаноски (8:1), Сандро Каровски (9:1), Теодор Перковски (10:1), Стефан Стојановски (11:1). Лука Ивановски (12:1) и за 13:1 стрелец беше Никола Павлески.
Победа забележаа и избраниите на Игор Кралевски, Вардарци од генерација “2005“ беа супериорни во дуелот со најдобрите од регионалните школи. Противникот имаше можност да го отвори резултатот, но за наша среќа беше погодена пречката. Гол шоу во првото полувреме имаше капитенот на оваа екипа, Никола Величковски кој ги постигна првите три гола за водство на Вардар од 3:0. Во продолжение од мечот се обиде Петар Пројкоски кој шутира покрај голот. Прв гол на овој натпревар постигнува и Давор Лефковски за предност од 4:0. Серијата на голови во првото полувреме ја затвара Петар Пројкоски за водство од 5:0.
Пројкоски со гол, го отвара и второто полувреме за водство од 6:0. Шанса имаше и противничката екипа, но напиот голман Леонид Илиевски го брани ударот. Одлично игравме и во овој дел од играта и ја контролиравме играта. Последните два гола на овој натпревар беа дело на Петар Пројкоски за конечни 8:0.
На овој начин заврши есенскиот дел од фудбалската “Јуниор“ лига на кој учествуваа многу талентирани дечиња, кои во иднина можат да бидат дел од младинските екипи на ФК Вардар.