Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прв контролен натпревар за ФК Вардар, утре тестираме со Тетекс
Прв контролен натпревар за ФК Вардар, утре тестираме со Тетекс

Прв контролен натпревар за ФК Вардар, утре тестираме со Тетекс

Утре со почеток од 13:00 часот на теренот во Кадино, екипата на ФК Вардар ќе го одигра првиот контролен натпревар во подготвителниот период.

Екипата на Тетекс која исто така се натпреварува во ВМФЛ е првиот наш противник во новата година. Тетекс во пролетниот дел ќе го предводи Љупчо Марковски-Калц.

Денес, Вардар го претстави и првото засилување, се работи за Дарко Размоски кој доаѓа од екипата на Охрид, додека во најава се и други засилувања кои треба да ги потполнат испразнетите место после заминувањето на неколку играчи.