Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Прва победа за пионерите на Фк Вардар, во пролетниот дел од сезоната

Прва победа за пионерите на Фк Вардар, во пролетниот дел од сезоната

Избраниците на Ане Андоновски конечно забележаа победа во втоириот дел од сезона. После пет првенствени и два куп натпревари без победа, црвено-црните ги освоија трите бода на жешкото гостување во Тетово. Совладана беше екипата на Ренова со резултат 1:4. Капитенот Дејан Маркоски постигна хет трик, а еден погодок и за Христијан Гавровски.

Уште по првото полувреме, нашиот тим ја навести победата. Конечно оваа генерација се престави во добро светло, пред заминувањето за БиХ, каде ќе учествуваат на “турнирот на пријателство“. На одмор се замина со наша предност од 0:2. Во вториот дел домаќините само намалија на 1:2 со удар од белата точка. Тоа беше се што можеа да направат на овој дуел. Црвено-црните продолжија да напаѓаат, што резултираше со постигнување на уште два погодоци во мрежата на противникот. Ова беше добра увертира пред предизвикот што им престои на споменатиот турнир, каде ќе имаат можност да се надигруваат со квалитетни екипи од Балканот.