Доминацијата на црвено-црните во женскиот ракомет ја потврдија и вториот тим на овој клуб, откако денеска и официјално го подигнаа трофејот за најдобра екипа во младинската лига. Избраничките на Симе Симовски имаа максимален учинок на 16 победи од исто толку дуели. Оваа екипа бележи одлични резултати оваа сезона, која се натпреварува и во Скопско Супер-лигата каде најверојатно ќе го заземе третото место на табелата на крајот од сезоната.
Голем дел од овие ракометарки се дел од младинската Македонска репрезентација која се пласираше на Европското првенство во Шпанија, кое ќе се игра оваа година. Второто место им припадна на Металург, додека младинките на Вардар го освоија одличното четврто место.