Thursday ,25 February 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Итало погоди за првиот тим на тренинг натпревар против младинците на Вардар, на терен се врати и Новак
Итало погоди за првиот тим на тренинг натпревар против младинците на Вардар, на терен се врати и Новак

Итало погоди за првиот тим на тренинг натпревар против младинците на Вардар, на терен се врати и Новак

Вчера на теренот во населбата Јане Сандански, пријателски натпревар одиграа првиот тим и младинската екипа на ФК Вардар. Овој меч им припадна на повозрасните и подобрите играчи од првиот тим кои славеа со резултат 2:1. За првиот тим не настапија играчите кои имаат репрезентативни обврски а на теренот можеше да се види Евгениј Новак како и бразилецот Итало кои беа повредени.

За првиот тим настапија следниве играчи: Пачовски, Новак, Попов, Глишиќ, Тодороски, Марковиќ, Исени, Стојчевски, Демири, Стојков, Итало.

За младинците на голот беше Алексовски, а играа уште и Џуклески, Петковски, Димов, Антовски, Талески, Наумчевски, Илиевски, Јахја, Трајчевски, Колевски.

vardarfans-1

Головите за првиот тим беа дело на Итало и Ацо Стојков, додека за младинците на Вардар погоди нововлезениот Саит Битиќи. Ова беше можност за двајцата тренери да се провери формата на дел од играчите, пред натпреварите на првиот тим во ПМФЛ и ЛЕ и за младинците во лигата. Радува податокот што во првиот тим после подолго време се враќа стоперот Новак, како и напаѓачот Итало, кој се повреди на дуелот со Зенит.

Во сабота на истиов терен, тренинг натпревар повторно ќе одиграат двете екипи, користејќи ја паузата поради репрезентативни квалификациски натпревари.