Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор со бод се враќа од гостувањето во Гевгелија
Вардар Јуниор со бод се враќа од гостувањето во Гевгелија

Вардар Јуниор со бод се враќа од гостувањето во Гевгелија

Младиот состав на ЖРК Вардар Јуниор со бод се врати од гостувањето во Гевгелија, каде ремизираше (29:29) со истоимената екипа, во рамките на второто коло во најсилната супер лига.

Избраничките на Симе Симовски има за што да жалат, бидејќи испуштија голови предност во финишот на натпреварот. Вардар поведе, но потоа домашниот тим го превзеде водството кое го имаше се до 28 минута од првото полувреме, кога црвено-црните поведоа со 12:13. Во најголем дел од првото полувреме Гевгелија имаше водство кое се движеше од 1-3 голови разлика. Имаше Гевгелија позитива од 6:4 и 9:6, но Вардар Јуниор врати со три последователни голови и го израмни резултатот на 9:9. Се играше цврсто на двете страни и борба за секоја топка на теренот. Повторно Гевгелија се одлепи на два гола (12:10), но Вардар повторно со иста серија го враќа водството (12:13), кое истото го одржи до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со предност од 14:15.

Вториот дел започна со гол на нашиот состав, за прв пат на мечот да имаме два гола позитива. Во овој дел од натпреварот гледавме многу пресврти во играта на двата тима, кои постојано се менуваат во предност, која не беше поголема од два гола, се до моментот кога од водство на домаќинот од 21:20, вратија Вардарки со серија од 0:4 и поведоа со 22:25. Сепак Гевгелија имаше сили да се врати на натпреварот, па дури и да поведе со 28:27. Во незивесен финиш, можеби нерешениот резултат беше најреален исход, иако можеби Вардар беше поблиску до целиот “плен“ од овој дуел. На крајот нерешен резултат 29:29 и поделба на бодовите.

Кај Вардар Јуниор убедливо најефикасна беше левото крило, Анастасија Николовска која постигна 9 голови, додека Ана Иванова и Милица Николиќ додадоа по 5 погодоци.

Вардр Јуниор: Илиќ, Реџеп 1, Николовска, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Станиќевска 2, Атанасова, Трпевска 1, Георгиевска, Божиноска 4, Филипоска, Гичевска, Иванова 5, Николиќ 2, Диневска 5,