Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Двете машки пионерски и женската кадетска екипа на РК Вардар викендов со нови натпревари
Двете машки пионерски и женската кадетска екипа на РК Вардар викендов со нови натпревари

Двете машки пионерски и женската кадетска екипа на РК Вардар викендов со нови натпревари

Викендов  на програмата се три дуел на младите ракометни надежи, тие ќе ги играат натпреварите во рамки на треттото коло во нивните првенства. Овој викенд натпревари ќе имаат пионерите на РК Вардар и РК Вардар Јуниор и кадетките на ЖРК Вардар Јуниор.

Избраниците на Адријана Будимир, пионерите на РК Вардар играат дуел во сабота со почеток во 11-00 часот. Тој натпревар ќе се игра во спортската сала “Кале“. Овој млад тим има две победи во двете воведни кола и ќе атакува на нова победа. Противник во овој натпревар ќе бидат врсниците од РК Шкупи од скопската населба Чаир.

k10

Момците предводени од Зоран Петковски-Зенга, пионерите на РК Вардар Јуниор својот дуел ќе го играат ден подоцна т.е. во недела. Тие на овој меч од 3.коло се домаќини во спортската сала “Кале“, дуелот се игра со почеток во 11-00 часот. Оваа млада екипа досега имаше во лигата домашна победа и пораз в гости, тие се сретнуваат со екипата на РК Металург-1.

13

Девојките предводени од Драгана Пецевска, кадетките на Вардар Јуниор ќе бидат домаќин во ова 3.коло од женската кадетска лига. Тие во првото дојдоа до победа, а во второто беа слободни. На нас ни гостува кадетската екипа на ЖРК Куманово, дуелот се игра сабота со почеток во 13-00 часот исто така во спортската сала “Кале“ -Скопје.