Saturday ,04 December 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Првиот тренинг денеска во 13 часот
Првиот тренинг денеска во 13 часот

Првиот тренинг денеска во 13 часот

ФК Вардар за неколку часа и официјално ќе означи старт на зимските подготовки. Вардарци по пауза од 20-сетина дена, повторно се враќаат на секојдневните обврски и тренинзи. Тренерот на ФК Вардар, Гоце Седлоски попладнево ќе прозива во 13 часот во тренинг кампот на Вардар во Хиподром. Вардарци во Скопје ќе тренираат се до 20 јануари.

На 21 јануари целиот тим заедно со стручниот штаб ќе заминат на подготовки во Анталија – Турција. Во Анталија вардарци предвидено е да останат се до 11 февруари, односно, да одиграа пет до шест пријателски натпревари. Веќе се познати и три противници на нашиот тим во Анталија.

Попладнево деби тренинг во новиот клуб ќе има и новото засилување на ФК Вардар, репрезентативецот на Македонија до 21 година Бесир Демири.

Инаку, на денешниот тренинг ќе недостасува Фелипе, кој на тимот ќе се приклучи подоцна.