Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на настапите за ракометарите на Вардар со своите репрезентации
Преглед на настапите за ракометарите на Вардар со своите репрезентации

Преглед на настапите за ракометарите на Вардар со своите репрезентации

Шпанија стигна до втората победа на турнирот во Ирун и денес ќе игра за првото место против селекцијата на Катар. Ова е епилогот од вчерашните натпревари, на кои Шпанија беше подобра од Аргентина, додека Катар минимално ја совлада селекцијата на Полска.

Избраниците на Жорди Рибера одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против селекцијата на Аргентина која ја совладаа убедливо со резултат 38:25. По првото полувреме “фуријата“ имаше исто така сигурна предност од 17:10. Душебаев и Кањелас повторно се запишаа во листата на стрелци, Алекс беше стрелец на два погодоци, додека неговиот соиграч од Вардар постигна 3 голови.

Русија повторно го доби натпреварот против Белорусија со резултат 27:22, што беше втора последователна победа против овој противник. Во овој триумф, Дибиров постигна 3 гола, додека Шишкарев додаде 2. Фереира беше повторно активен со селекцијата на Бразил, забележувајќи убедлива победа против Словачка. Денес покрај Шпанија и Бразил, првиот дуел на турнирот “Hep Groatia Kup“ ќе го има Хрватска. Противник ќе биде Тунис, а во составот на Жељко Бабиќ би требало да се појават Карачиќ и Циндриќ.