Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Работнички ќе биде следниот противник во меѓурегионалната лига, за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“

Работнички ќе биде следниот противник во меѓурегионалната лига, за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“

Во сабота продолжуваат натпреварите од меѓурегионалната лига, за генерациите родени “2002“ и “2003“ година. Противник на двете Вардарови екипи ќе биде Работнички. Мечевите ќе бидат одиграни на теренот на Алумина.

Генерацијата родени “2002“ година ќе го одигра второто коло во новоформираната лига. Во првото избраниците на Петар Ѓорѓиевски беа убедливи во дуелот со екипата на Башкими (6:0). Истиов противник беше совладан и во рамките на купот (7:0), натпревар кој се одигра во средата. Во сабота ќе гостуваме на теренот на Алумина, на екипата на Работнички. Мечот ќе започне од 16 часот.

Два часа порано односно од 14 часот силите ќе ги одмерат генерациите родени “2003“ на Вардар и Работнички. Ова ќе биде натпревар во рамките на 3 првенствено коло за нашите млади надежи. Во првото коло забележавме победа против Македонија Ѓ.П (0:7), додека во второто бевме убедливи во дуелот со екипата на Башкими (14:0). Противник во ова трето коло од лигата ќе ни бидат врсниците од тимот на Работнички. Овој натпревар ќе биде одигран исто на теренот на Алумина.