Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Александар Царчев: Нашата цел е со многу работа во наредните години да излезат квалитетни играчи за првиот тим на Вардар и репрезентацијата

Александар Царчев: Нашата цел е со многу работа во наредните години да излезат квалитетни играчи за првиот тим на Вардар и репрезентацијата

Младите девојки од вториот тим на црвено-црните, екипата на Вардар СЦЈС утре ја почнуваат одбраната на суперлигашката вицеша мпионска позиција со дербито во Автокоманда со единствениот ривал за истата екипата на ЖРК Металург. Девојките долго се подготвуаа за овој предизвик во текот на летото. Разговараме со поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим Александар Царчев.

-Припремниот период помина добро, девојките работат напорно во сала и теретана под надзор на кондициониот тренер Марија Лојаница. Играме скоро на секој тренинг на два гола, затоа што екипата е составена од две генерации на играчи родени 1996 и 98 година. Во овој период ни неостасуваа контролни натпревари во недостаток на посилни противници, но затоа имаме 21 играч на располагање и можеме да играме помеѓу себе. Младите девојки кои се приклучија оваа сезона добро се вклопуваат во екипата и полека го совладуваат системот на работа поставен од колегата Симе Симовски.

Вицешампионско место во супер лигата е повторно цел за младиот состав на Вардар ЦСЈС. Меѓусебните дуели со металург ќе го дадат пршањето за втората позиција на табелата, првата е веќе резервирана за првиот тим на ЖРК Вардар. И оваа сезона ќе бидеме дел од Челинџ купот, каде ќе се обидеме да одиме скалило погоре од минатата сезона каде стигнавме до четвртфиналето. Прв противник ќе ни биде “анонимниот“ тим на Свиленград од Бугарија.

-Во новата сезона очекуваме повторно борба со екипата на Металург за втората позиција, а во Челинџ купот ќе одиме од натпревар во натпревар. Сепак нашата екипа е најмлада по возраст од сите други, што е добо за девојките да стекнуваат искуство преку вакви посилни натпревари. Прв противник во европските натпреварувања ни е екипата на Свиленград од Бугарија и првиот меч го играме на гостински терен. Првенството го започнуваме утре во Автокоманда против екипата на Металург. Дерби уште на стартот на кое нема фаворит. Иако од Металург заминаа неколку ракометарки, сепак екипата  е солидна и однапред не се знае победникот. На вакви натпревари победува екипата која е помотивирана и која повеќе ја посакува победата.

Оваа екипа има за цел да создава млади и квалитетни ракометарки, кои во иднина би имале можност да заиграат за првиот тим на Вардар.

-Резултатите за нашиот млад состав се важни, но најважно е овие девојки да созреат во играчи преку играње на квалитетни натпревари и еден ден да обезбедат место во првиот тим на Вардар и да заиграат во лигата на шампиони. Тогаш целта ќе биде исполнета, со многу работа во наредните години да излезат квалитетни играчи за првиот тим на ЖРК Вардар и Македонската репрезентација, изјави Александар Царчев за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски