Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Кадетот Рамазан Гаџиханов поради здравствени причини нема да настапи на С.П во Тибилиси

БОРЕЊЕ! Кадетот Рамазан Гаџиханов поради здравствени причини нема да настапи на С.П во Тибилиси

 Во главниот град на Грузија, Тибилиси во  моментов во тек е Светското првенство во борење за кадети. На истото требаше да настапи и отпатува кадетот на борачкиот клуб Вардар Гаџиханов и неговиот тренер професорот Љубиша Пешко. Вардар поради “глувоста“ и анамеијата која владее во ФБСМ самофинансирачки ги испрати двајцата на свој трошок во Грузија сакајќи да му дадат шанса на младиот Рамазан да настапи на едно вакво големо натпреварување, одкако годинава веќе беше учесник на Европското првенство кое се одржа во Шведска.

 Нашиот вардарец и македонски репрезентативец Рамазан Гаџиханов требаше да настапи во  категоријата до 58 килограми во слободен стил.  За оваа категорија мерењето е закажано за денес, а пак  борбите и финалето за утрешниот ден. Сепак поради здравствени причини одлучено е нашиот борач го пропушти овој настан. Во информацијата по повод ова случување од БК Вардар се вели:

Поради изненадно заболување и зголемена телесна температура, одлучено е кадетот Рамазан Гаџиханов да се одијави и да  не настапи на Светското првенство во  Тибилиси. Бидејќи во овој момент ни е поважно здравјето и стабилноста на Македонскиот шампион. Тој ќе има време и можност и следната година да настапува во кадетска конкуренција.