Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар е најдобар мак.клуб на УЕФА листата
ФК Вардар е најдобар мак.клуб на УЕФА листата

ФК Вардар е најдобар мак.клуб на УЕФА листата

Шампионот на Македонија во фудбалскиот клуб  Вардар  има најдобар  ранкинг и е  најдобропласирана екипа од Република Македонија според рангирањето на европската фудбалска федерација. Црвено-црните се наоѓаат на  248 место од  УЕФА ранг листата. За изработка на овие  пресметките се гледаат  резултатите на екипата во последните пет изминати сезони.

Нашиот миленик на своето конто има впишано  5,125 поени. Годинава црвено-црниот фудбалски колектив беше  дел од квалификациите за УЕФА Лигата на шампионите каде играше против хрватскиот шампион Динамо Загреб каде одигравме добро, постигнавме три гола, не за жал бевме послаб противник од тимот кој повторно влезе во групната фаза од Л.Ш. Зад нас од македонските преставници се најде Работнички кој е  на 301 место со 3,875 поени. Романтичарите сезонава неуспеаа да минат ниту едно коло во европските натпреварувања. Шкендија има вкупно 3,375 поени и е на  322 место на УЕФА листата, Металург е на 344 место со 2,875 поени, додека Ренова и Турново се на делба на 390 место со по 1,875 поени. Последни кој се рангирани од мак.клубовите се Силекс и Тетекс кои имаат по 1,375 поени кои им ја носат  427 позиција на ранг листата.