Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардаровите екипи против Брегалница, во очекување да ја продолжат победничката серија

Вардаровите екипи против Брегалница, во очекување да ја продолжат победничката серија

Претстојниов викенд ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во првенството на младинските фудбалски катеогории. Брегалница од Штип ќе биде следниот противник за Вардаровите екипи во рамките на ова првенствено коло.

Пионерските екипи на Вардар своите натпревари ќе ги одиграат во недела, со почеток од 11 и 13 часот на гостински терен. Помладите пионери имаат две победи, еден нерешен резултат и пораз по првите четири одиграни кола. Последниот меч го добивме убедливо и ја подигнавме самодовербата во пресрет на мечот против Брегалница, кој ќе се одигра во Штип. Пионерите се на врвот на табелата во својата категорија со максимални 12 освоени бодови на првите четири одиграни натпревари. Двете екипи на Вардар беа слободни во првата рунда од куп натпреварувањето и одморени ги очекуваат овие натпревари со Брегалница.

Кадетите и младинците ќе се обидат да ја продолжат победничката серија која трае од стартот на новата сезона. Двете наши екипи имаат максимален број на освоени бодови и ако се додадат добиените пресметки во купот против Шкендија, се освен триумф во дуелите со Брегалница ќе биде изненадување на овие нивни натпревари. Мечевите ќе бидат одиграни во сабота, на теренот во населбата Јане Сандански. Први на теренот ќе излезат кадетите, меч кој ќе започне од 11 часот, додека од 13 часот  силите ќе ги одмерат младинците на Вардар и Брегалница.