Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: РК Вардар заминува за Словенија со Абутовиќ, во Скопје остануваат Карачиќ, Недановски и Милиќ
СЕХА: РК Вардар заминува за Словенија со  Абутовиќ, во Скопје остануваат Карачиќ, Недановски и Милиќ

СЕХА: РК Вардар заминува за Словенија со Абутовиќ, во Скопје остануваат Карачиќ, Недановски и Милиќ

Играчите на црвено-црниот машки ракометен колектив утрово имаа утринскиот тренинг по што заминуваат за Словенија, Таму тие ќе одиграат  дуел од СЕХА Газпром лигата со екипата на Целје. Мечот ќе се игра од  18-00 часот, утре и од истиот ќе може да проследите директен пренос ќе има на првиот програмски канал на Македонската радио и телевизија.

Избраниците на Раул Гонзалез за  Словенија ќе патуваат со 15 ракометари, добра вест е враќањето во составот на столбот на одбраната Илија Абутовиќ. Познато е кој ракометари ќе го пропуштат овој дуел, бидејќи има  настинка нема да патува  Владо Недановски, а во Скопје остануваат и  средниот бек хрватскиот репрезентативец  Игор Карачиќ и голманот Страхиња Милиќ-Џамбо. Ова е петти дуел за двата колектива, кои моментно се првопласирани екипи на табелата. За овој дуел  кормиларот на РК Вардар тренерот  Раул Гонзалеc, вели:

Очекувам да играме тежок меч, зашто во Словенија секогаш е тешко да се игра. Целје има добри играчи кои играат одличен ракомет и имаат одлична контра. За мене најопасен играч е Зарабец. Треба да бидеме подготвени за него, зашто знае добро да нападне и да соработува со пивотмен. Кога имаат полуконтра многу се опасни. Треба да се фокусираме околу одбраната. Целје секогаш дава 30-32 гола на натпревар. Очекувам публиката да ужива, и ние сакаме да победиме и да останеме на првото место на табелата.